Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес.
Па, еве неколку интересни предлози кои можеби нема да ве остават рамнодушни.
Kiss the Ground – Филм на „Netflix“
Тешко е да се замисли документарец за општото здравје на нашата планета. Но, и покрај климатските промени предводени од човекот, оштетувањето на земјоделските практики во фабрички размери и влошувањето на почвата што раѓа храна постојано расте. „Kiss the Ground“ е филм во кој земјоделци, експерти, еколози, познати личности и активисти ги изложуваат проблемите кои силно влијаат на земјата под нас и посочуваат начини на кои луѓето можат да ја подобрат ситуацијата, да ја направат почвата побогата, растенијата поздрави.
Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 86%
Big Little Lies – Серија на „HBO“
По истоимениот роман на Лијан Мориарти, приказната е сместена во малиот и богат град Монтереј во Калифорнија каде Медлин Марта Мекензи и нејзината пријателка Селест Рајт со своите семејства живеат навидум перфектен живот. Кога Џејн Чепмен се преселува во градот со нејзиниот син Зиги, Медлин и Селест ја земаат под своја закрила, но нивните животи почнуваат да се распаѓаат кога ќе се случи убиство во нивниот идиличен град…
Жанр: драма / IMDB оценка: 8.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 89%
Carol – Филм на „Netflix“
Карол е раскошна, сензуална љубовна приказна раскажана со елеганција. Базирана на книгата „The Price of Salt“ од Патриша Хајсмит, приказната се случува во 1952 година во Менхетн, каде една амбициозна фотографка, се среќава со една гламурозна жена по име Керол. Филмот ја истражува хомосексуалноста во средината на 20 век. Керол има неколку децении повеќе искуство од младата жена со која започнува љубовна врска, преполна со страв, страст и вистинска љубов… Филмот изгледа како стара фотографија или полузаборавена меморија која ќе ве воодушеви.
Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 94%
Ma – Филм на „HBO“
Една осамена средовековна жена, се спријателува со група тинејџери и решава да ги остави да се забавуваат во нејзиниот подрум, но под неколку услови. Иако групата пријатели се воодушевени од идејата, наскоро почнуваат да се случуваат работи кои ги откриваат нејзините вистински намери.
Жанр: трилер / психолошка драма / IMDB оценка: 5.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 56%