Нема подобро време за гледање интересен филм или серија од викендите. Но, на многумина им е познато чувството предизвикано од исцрпното барање „што да се гледа вечерва“.

Затоа ние одбравме неколку предлози кои можеби ќе го привлечат и вашето внимание.

Pieces of a Woman – филм на „Netflix“

Марта и Шон се двајца млади луѓе кои се подготвуваат да станат родители, но во еден момент нивниот живот застанува. Kога раѓањето во домашни услови на младата мајка завршува трагично, започнува едногодишна одисеја на тажење што ја оддалечува од нејзиниот партнер и најблиските. Ова е длабоко лична приказна за една жена што учи да живее заедно со својата најголема загуба.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 76%

The Great – Серија на „HBO“

Сатирична, комична драма за подемот на Кетрин која од тврдоглава 19-годишна девојка станува една од најмоќните монарси во Европа. Преку преструктурирани елементи од историјата, приказната jа портретира Кетрин во младоста, нејзиниот брак со рускиот имераторот Петар III и нивните раскошни кралски авантури.

Жанр: комедична драма / IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

LOVE – Серија на „Netflix“

Бунтовната Мики и добродушниот Гас се двајца млади луѓе кои навигираат низ возбудата и агонијата на модерното време. Двајцата со значителен емотивен багаж и турбулентно минато се обидуваат да изградат врска заснована на меѓусебна доверба. Мики е поранешен алкохоличар, зависник од љубов и секс која честопати не е доволно искрена со себе и другите, додека Гас е чуден, несвесен за социјални сигнали и склон кон повремени испади кога работите не одат во негова полза. Оваа смела комедија ја има моќта да ве насмее, но и да ве растажи.

Жанр: романтична комедија / IMDB оценка: 7.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 94%

LOCKED DOWN – Филм на „HBO“

Приказната следи сопружници кои штотуку донеле одлука да се разделат. Но, Линда и Пакстон откриваат дека животот има други планови за нив. Двајцата сe заглавени дома во задолжителен карантин предизвикан од коронавирусот во Велика Британија. Карантинот се покажува како вистински предизвик проследен со авантура која на изненадувачки начин повторни ќе ги зближи.

Жанр: романтична комедија / IMDB оценка: 5.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 45%