Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес.
Па, еве неколку интересни предлози кои можеби нема да ве остават рамнодушни.
Patrick Melrose – HBO
„Patrick Melrose“ е британска драмска минисерија во која Бенедикт Кембербах ја игра улогата на „проблематичниот“ милионер Мелроуз. Базирана на серија полуавтобиографски романи на Едвард Сент Обин, приказната го следи Патрик Мелоус од привилегираното, но длабоко трауматично детство на југот на Франција, преку тешката злоупотреба на дроги во дваесеттите во Њујорк и, на крајот, до неговото закрепнување дома, во Лондон. Оваа бизарно шармантна, сочувствителна, трагична и комична минисерија е „must watch“.
Жанр: драма / IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 90%
Derry Girls – Netflix
Во 90-тите години во Ирска, пет тинејџери – четири зборлести девојки и едно ненаметливо момче, Ерин, нејзината братучетка Орла, нивните пријатели Клер и Мишел и братучедот на Мишел од Англија, Џејмс навигираат во тинејџерските години чекајќи да го завршат католичкото средно женско училиште кое само им го „отежнува“ животот. Личните подвизи на 16-годишното девојче и нејзиното семејство и пријатели ќе ве насмеат до солзи.
Жанр: Комедија / IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%
Motherless Brooklyn – HBO
Во 1950-тите години во Њујорк, Лионел Естрог работи во агенција за детективи заедно со Гилберт Кони, Дени Фантл и Тони Вермонте. Нивниот шеф, Френк Мина кој ги спасил како деца од насилничко сиропиталиште, е убиен. Така Лионел почнува да истражува кој го убил неговиот „ментор“ и единствен пријател. Лионел боледува од Туретов синдром, честопати отуѓувајќи го од луѓето, но неговата силна вербална и фотографска меморија го води низ целиот процес.
Филмот е во продукција и режија на Едвард Нортон кој воедно го толкува и главниот лик, Лионел Естрог. Базиран на истоимениот роман на Џонатан Летем од 1999 година. Во филмот играат и Брус Вилис, Алек Болдвин, Вилем Дафо, Боби Канавале и други.
Жанр: крими мистерија / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 63%
Death to 2020 – Netflix
Креаторите на „Black Mirror“, Чарли Брукер и Анабел Џоунс и нивната „Broke and Bones production“ овојпат создадоа „mockumentary“. Ликовите дискутираат за настани од 2020 година со мешавина од вистински информации и сатира. Главната тема е пандемијата ковид-19, особено во САД и Велика Британија. Претседателските избори во САД се исто така вметнати како и пожарите во Австралија, говорите на Грета Тунберг, принцот Хари и неговата сопруга Меган кои се повлекоа од британското кралсо семејство, Оскарите во 2020 година….
Жанр: комедија / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 40%