Судењето против Раде Трајковски-Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога, доцни поради негова хоспитализација.

Трајковски бил пренесен на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми, соопшти судијата Илија Трпков. Во известувањето е наведено дека Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезоринетиран.

Обвинетите се товарат за организирана трговија со кокаин и марихуана на територијата на Скопје. Судскиот процес ќе почне по 11 часот, доколку Трајковски биде спроведен во судот.

Текстот Штекли однесен на Неврологија е превземен од МАКФАКС.