Уставниот суд во среда ќе одлучува дали и фирмите штедачи во Еуростандард банка ќе добијат обештетување, објави Сител ТВ.

Од Здружението на оштетени штедачи ги повикаа уставните судии да ја прифатат нивната иницијатива. Со неа бараат да се укине членот од Законот за банки со кој државниот Фонд за осигурување на депозити има предност во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица. Со ова освен 2.000 фирми депоненти во Еуростандард кои не добиле ниту денар, пари нема и за близу 800 граѓани со депозити над 30.000 евра.

Од Здружението потенцираат дека земјава е единствена во Европа и пошироко каде фирмите не се обесштетуваат, а сите средства без разлика како се нашле на сметка се сметаат за депозит.

 

Предлог законот кој требаше да им обезбеди целосно обештетување на штедачите од државата, заглави на собраниска комисија.