Шпанската полиција разби нарко-синџир што шверцувал големи количини хашиш и марихуана во северна Европа.
Вкупно 100 лица се уапсени на различни места низ Андалузија во јужна Шпанија и запленети се над пет тони хашиш и 230 килограми семе марихуана, објави денеска Цивилната заштита на својата веб-страница.
Бандата ја донела дрогата со глисер од Мароко преку Средоземното Море, преку реката Гвадалкивир до Севилја и ја криела во магацини меѓу товар.
Дрогата потоа биле испратена со камиони во Франција и на север. Два од камионите биле пресретнати во Шпанија и еден во Франција.
Шпанија одамна е важна транзитна рута за дрога од Северна Африка и Латинска Америка кон Северна Европа. Во 2019 година полицијата заплени 38 тони кокаин и 350 тони хашиш.