Герет Бејл ќе се пензионира, односно повлече од активно играње фудбал, тврди шпанска „Марка“. Иако Реал Мадрид има нов тренер, Карло Анчелоти, со кого Бејл имаше одлична соработка во истиот клуб пред неколку години, сепак наводно тоа нема да ја смени неговата одлука.
„Марка“ пишува дека Бејл е среќен во фудбалот само кога игра за репрезентацијата на Велс. Тој имал потешкотии да најде мотивација за фудбал дури и додека бил во Тотенхем минатата сезона, иако одиграл неколку одлични натпревари. Бејл планира да игра на Европско првенство, а потоа да заврши со фудбалот и да му се посвети на голфот.
Велс е во група со Италија, Швајцарија и Турција.
Истиот извор додава дека Бејл веќе одлучил и дека нема да му претставува проблем фактот дека има уште една година договор со Реал Мадрид. Договорот треба да биде раскинат на заемно задоволство, а Реал треба да заштеди околу 20 милиони евра.