Кармен Гимено, сивокосата шпанска блогерка која секој ден има сè повеќе обожаватели на социјалните мрежи поради нејзините фантастични модни решенија, е омилениот и најчесто посетуваниот профил на „Инстаграм“ на многу љубители на модата.
Гимено веќе безброј пати покажа дека може да состави предобри комбинации со скромен буџет, што предизвикува вистинско воодушевување кај модните експерти ширум светот.
Една од најпопуларните 50+ инфлуенсерки во светот уште еднаш нè убеди дека стилот дополнително се надоградува со возраста и дека љубовта кон убавата облека не исчезнува туку така…
И покрај глобалната пандемија што силно ја погоди Шпанија, оваа љубителка на модата не ја изгуби инспирацијата за одлични стајлинзи во кои честопати спаѓаат нејзините омилени парчиња како фустани или здолништа во комбинација со патики.
Со текот на времето, обожавателите на Кармен забележаа дека таа е особено „слаба“ на култините „старки“ кои вешто ги вклопува во нејзините разиграни аутфити.
Шпанката со сребренеста коса неодамна на својот инстаграм-профил го покажа и идеалниот пролетен стајлинг за кој многу брзо заработи бројни пофалби, па не е изненадување што таа секој нареден ден брои сè повеќе и повеќе обожаватели на својот Инстаграм профил.