Групата Е на Европското првенство е комплетирана по натпреварите помеѓу Словачка и Шпанија (0:5) и Шведска и Полска (3:2).
Шпанците во Севилја немаа избор, мораа да победат, па затоа го зедоа пресериозен дуелот против Словачка, што резултираше со убедлива победа од 5:0.
Мората промаши пенал во 12. минута, но во 30. минута Дубравка постигна еден од најбизарните автоголови. Откако Санабриа ја погоди пречката, топката се одби високо, а потоа започна да паѓа, а словачкиот голман, сакајќи да го исфрли во корнер, ја смести во сопствената мрежа.
На крајот од првиот дел, Лапорте зголеми на 2:0, а во продолжението избраниците на Луис Енрике го совладаа беспомошниот ривал. Сарабија погоди во 56. минута за 3:0, Торес во 67. минута за 4:0, а потоа и нов автогол – Кучка, кој во 71. минута ги постави конечните 5:0.
Шведска и Полска одиграа одличен натпревар во Санкт Петербург. Швеѓаните водеа со 2:0, потоа беше 2:2, а потоа во самиот финиш Шведска дојде до победа.
Форсберг беше двоен стрелец за Шведска и Класон, додека Левандовски погоди двата пати за Полјаците, кои исто така можат да се жалат за 66-та минута кога ВАР им го поништи голот затоа што Свиерцок беше во офсајд.
Во осминафиналето Шпанија ќе игра против Хрватска, додека Швеѓаните ќе играат против Англија.