Шпанија целосно го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, е пораката која беше испратена денеска на средбата на шпанската министерка за надворешни работи, ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја со вицепремиерот задолжен за европски прашања на Република Северна Македонија, Никола Димитров.
Во соопштението на шпанското МНР се нагласува дека средбата е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји, а на неа била потврдена целосната поддршка на Мадрид на процесот на интеграција на земјава во ЕУ, но станало збор и за можностите за унапредување на билатералните односи.
Minister @AranchaGlezLaya has offered @Dimitrov_Nikola the support and experience of #Spain to advance the process, in areas such as the judicial system, the rule of law, the green agenda or digitization, among others.
🇪🇸 🤝 🇲🇰@MFA_MKD @EmbEspSkopje @MKembassySpain pic.twitter.com/yz8rqu7IUQ
— Spain MFA (@SpainMFA) May 11, 2021
Гонзалез Лаја му ја понудила на Димитров поддршката и искуството на Шпанија во движењето напред во процесот, во области како што се судски прашања и владеење на правото, зелената агенда и дигиталната агенда.
Шпанската шефица на дипломатијата изразила желба за што е можно побрзо усвојување на преговарачката рамка со ЕУ, како со Република Северна Македонија, така и со Албанија, заедно со почетокот на преговорите за приклучување.
Димитров го придружува премиерот Зоран Заев при посетата на Шпанија, во рамките на која се предвидени средби со претседателот на шпанската Влада, претседателот на Горниот дом на Парламентот и претседателот на шпанската Конфедерација за бизнис организации.