Шпанците премногу се опуштија за време на празниците, дружејќи се роднините и пријателите, па коронавирусот повторно се прошири низ земјата, соопшти синоќа шпанското Министерство за здравство.

Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во последните две недели се зголеми од 350 на 435 лица на 100.000 жители, а приемот во одделот за интензивна нега, каде пациентите се приклучени на респиратори, се зголемил од 24 на 26.

–Веројатно се забавувале повеќе отколку што е потребно. Сега мораме да го прифатиме она што следува, изјави шефот на здравствената служба Фернандо Симон.

Во текот на божиќните и новогодишните празници околу 47 милиони жители можеа слободно да ги посетуваат своите роднини низ Шпанија.  (МИА)