Денеска во натпреварот за третото место на Светското првенство во Египет, репрезентацијата на Шпанија со 35:29 (16:13) триумфираше над Франција.
Уште од самиот старт „фуријата“ стекна висока предност од 4:0, во ниту еден момент од мечот не беше во негатива. Составот на Жил се доближуваше до „минус два“, а најблиску на почетокот од вториот дел кога на семафорот стоеше само 16:15. Но, потоа повторно се одлепи тимот на Рибера, направи серија од 8:3 што се покажа како клучно за крајниот епилог.
Најефикасен во победничките редови беше екс членот на Вардар 1961, десниот бек Алекс Душебаев со осум голови.
На спротивната страна за „триколорите доминираше левото крило Уго Деска кој седумпати се запиша во листата на стрелците.
За Шпанците ова е втора бронза од Мундијалите, првата ја освоија во 2011 година, а Французите остануваат на четири бронзени медали.
Од 17.30 часот е големото финале помеѓу селекциите на Данска и Шведска.