Директните контакти со рускиот претседател Владимир Путин се многу важни, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Н1.
„Колку и да е тешко, директниот контакт е важен, особено во време на криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до Путин“,
изјави Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс нихетер“.
Тој рече дека на овој начин сака да му ја претстави позицијата на Западот на рускиот претседател во однос на операцијата на руската армија во Украина.
Шолц оцени и дека нормализацијата на билатералните односи со Москва не е можна во блиска иднина.
Претходно на прес-конференција Шолц зборуваше за можноста за посета на Путин на Германија, за која услов би бил завршување на операцијата во Украина и мировен договор меѓу Киев и Москва.