Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
– Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина-истакна Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос.
Тој посочи дека „нема да има диктиран мир“.
– Украина нема да го прифати тоа, ниту ние-предупреди германскиот канцелар.