Премиерот Димитар Ковачевски заедно со Владина делегација е во Берлин во рамките на Берлинскиот процес. Домаќин е германскиот канцелар Олаф Шолц.

-Во Берлин продолжува Берлинскиот процес започнат пред осум години со кој ја унапредуваме регионалната поврзаност и соработка помеѓу земјите од Западен Балкан. Денеска заедно со колегите од Албанија, Србија, БиХ, Црна Гора и Косово, но и со претставниците од земјите од ЕУ, Обединетото Kралство, како и од Европската Комисија ќе разговараме за перспективите на регионот во услови на економска и енергетска криза.

Северна Македонија ги отпочна преговорите, гордо и со заштитен македонски јазик и идентитет, и ние забрзано чекориме кон нашата европска иднина. Но, Европската Унија не е целосна без Западен Балкан, затоа продолжуваме со интензивна соработка и развој и на земјата и на регионот, порача Ковачевски.