Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика другите западни земји кои се наоѓаат „подалеку од Украина“ да примат повеќе бегалци.

Шолц повикот го упати за време на заедничката прес-конференција со Борис Џонсон во Лондон.

Гермнаскиот канцелар бранот бегалци од Украина го опиша како „една од ужасните последици од оваа крвава војна“.

-Многу земји во Европа примија бегалци, особено оние на границите со Украина – Полска, Словачка, Унгарија, Бугарија, Романија – и ние сме многу благодарни на тие земји. Повеќе од два милиона Украинци заминаа во Полска. Во Германија имаме повеќе од 300.000 бегалци од војната. Затоа ќе бидеме среќни и благодарни доколку и многу други европски земји учествуваат во приемот на бегалците. Ова ќе биде главна задача за ЕУ ​​и ќе биде следниот предизвик за Унијата, изјави Шолц, цитиран од Би-Би-Си.