Адвокатот на учителот по глума Мирослав Мика Алексиќ (69), Зоран Јаковљевиќ, претстави шокантни детали во одбрана на својот клиент по бројните обвинувања за сексуално злоставување и вознемирување, пренесува „Еспресо.рс“.
Зоран изјави дека не е задоволен од начинот на кој медиумите пишуваат за овој случај и дека е недопустливо, според него, анонимни лица да даваат такви информации, за кои децидно вели дека се лаги.
„Одбив да се појавувам во телевизиски емисии, пред се заради таквиот став на медиумите. Не знам како би постапил ако бев на негово место. Сите овие напади, анонимни изјави и сведоци кои даваат цели интервјуа во медиумите, без име и презиме, тоа е недозволиво“, вели Јаковљевич.
Адвокатот тврди дека ќе избегне давање изјави и сака случајот да го води на суд. Тој вели дека имаат силни докази за да се одбранат и чекаат вистински момент да изнесат се во јавноста.
„Снимките кои се споменати во медиумите не се ни клучни ни важни. Јас само ќе кажам една едноставна работа што би требало да биде јасна за секого. Поради здравствени причини, на Мирослав Алексиќ, пред неколку години му беше отстранета простатата. Само чекаме да видиме со кого се соочуваме бидејќи секој ден наводно се појавуваат нови случаи. Нема потреба да се брза, овој случај треба да се истера до крај“, вели адвокатот на обвинетиот.
Адвокатот Светозар Вујачиќ објасни дека за силување не е неопходно да дојде до сексуален однос.
„Ако човекот кој е обвинет за силување навистина има здравствен и медицински недостаток што спречува такво дело, судскиот експерт тоа ќе го утврди со лекарски преглед. Ако постои каков било сомнеж во врска со тоа, од која било причина, прегледот ќе го направи одборот на судски вештаци“, вели Светозар Вујачиќ.
Според дефиницијата на Кривичниот законик на Република Србија, силувањето се дефинира како „прељуба или дело со употреба на сила или закана за директен напад врз животот или телото на личноста“. Тоа значи дека не мора да дојде до сексуален однос за некој да биде обвинет за силување.
Уште две нови жртви на Мирослав Мика Алексиќ: Едната девојка со потресна исповед