Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден и неговите советници не наследуваат никаков план за дистрибуција на вакцини за коронавирус од администрацијата на Трамп, велат извори за Си-Ен-Ен, оценувајќи дека тој момент ќе биде вистински предизвик за новата власт во Бела куќа.
Администрацијата на Бајден вети дека ќе се обиде да ја сврти состојбата со пандемијата од Ковид-19 и драстично ќе го забрза темпото на вакцинирање на Американците против вирусот. Но, по вчерашната заклетва на Бајден на функцијата, извори директно запознаени со тимот за борба против вирусот Ковид-19, за Си-Ен-Ен изјавиле дека еден од најголемите шокови за тимот на Бајден е целосен недостаток на стратегија за дистрибуција на вакцини под поранешниот претседател Доналд Трамп, дури и неколку недели откако повеќе вакцини беа одобрени за употреба во САД.
– Advertisement –
“Нема што да се прави. Мораме да изградиме сè од нула”, изјавил изворот.
Администрацијата на Бајден сега се соочува со силен притисок да ги исполни ветувањата што ги даде за време на кампањата и драстично да ги сврти работите против пандемијата.