Шокирани, но и фасцинирани беа туристите на грчкиот остров Скијатос, кога патнички авион на „Визер“ слетуваше на аеродромот.

На драматичната снимка може да се забележат ентузијасти кои често на приодот до островот чекаат авионот да слета на пистата, која е многу блиску до брегот.

Пистата е кратка, па токму поради тоа, авионот треба од многу брзо да допре на земја и започне со кочење.