На Украина ќе и требаат 42 милијарди долари помош од меѓународните партнери следната година за да го покрие воениот дефицит, исто како и оваа година, изјави денеска украинскиот премиерот Денис Шмихал.

Тој нагласи дека целиот мирновременски буџет на Украина сега е посветен на одбрана од руска инвазија, што значи дека на државата и е потребна меѓународна помош за да ги покрие другите трошоци.

Се надеваме дека војната ќе заврши што е можно поскоро. Ние не сме нејзини иницијатори и Русија може да ја спречи во секое време. На среден рок, меѓународната поддршка за украинската економија ќе му помогне на Киев да преземе поголем дел од вкупните трошоци, наведе Шмихал.