Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година гокочат предлог законот за наставници и стручни соработнци, а вчера видовме дека се подготвени да применат и физичко насилство само за овие измени да не бидат усвоени, изјави Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ:
Таа на прес конференција упати неколку прашања и повици до колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
- Дали пратениците на ВМРО се против зголемување и континуиран раст на платите на над 27000 наставници и стручни соработници во основното и средното образование?
- Дали пратениците од ВМРО се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време наместо како што се научени да ги држат во неизвесност и да ги злоупотребуваат нивните гласови кога тоа име потребно
- Дали пратениците на ВМРО се против наставниците да добиваат додаток за работа во ридско планински регион, за одделенско, односно класно раководство, за работа со комбинирана паралелка и слично
- Или можеби се против овозможување на континуиран професионален и кариерен развој на наставниците
- И последно зошто им пречи на пратениците на ВРМО можноста наставниците што предаваат изборни предмети за првпат да можат да добијат трајно вработување? Само за потсетување тоа се меѓу останатите и наставнците кои предаваат јазик и култура на Ромите, Бошњаците, Србите и Турците.
Срамното, дрското и безобразно однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е на штета на наставниците, на штета на образовниот систем.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е на страната на граѓаните, на страната на наставниците.
Нема да дозволиме деструкциите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да успеат.
Ќе сториме се, овие измени на законот да бидат донесени, ќе има повисоки плати за 27.000 наставници ќе има трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование.