Македонскиот претставник во ЛШ денеска беше поразен од Мура на домашен терен со 1:0 во првото квалификационо коло за пласман во Лигата на шампионите.
Единствениот го на средбата го постигна Бобичанец во 28. минута од натпреварот, и со тоа му донесе победа на својот тим.
Шкендија имаше шанса да изедначи во самиот финиш на првото полувреме. Во втората минута од судиското надополнување во првиот дел беше досуден пенал за Шкендија, но Ибраими не успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Македонскиот шампион имаше доста шанси да дојде до изедначување, но сепак резултатот остана 0:1.
Шкендија сега му гостува на Мура на 13 јули, каде ќе ја бара победата за пласман во следното квалификационо коло од ЛШ.