Екипата на Шкендија преку пресврт славеше над Борец со 3:1 во Тетово и со тоа на четири кола до крајот ја обезбедија шампионската титула. За нив е ова четврта во клупската историја.
На четири кола до крајот, тетовските „црвено-црни“ имаат 17 бодови повеќе од Шкупи и математички го обезбедија првото место. Иако Борец изненади и поведе на „Еколог Арена“ во Тетово, шампионот со три брзи голови за седум минути направи пресврт и победи.
РЕЗУЛТАТИ ПМФЛ
Недела:
Македонија ЃП – Струга Трим 2:3
Пелистер – Ренова 1:0
Шкендија – Борец 3:1
Шкупи – Работнички 2:0
Вардар – Беласиц 1:0
Сабота:
Силекс – Академија Пандев 3:2
Табела: Шкендија 68, Шкупи 55, Македонија ЃП 48, Струга 47, Работнички 41, Пелистер 38, Академија Пандев 34, Борец 33, Силекс 32, Ренова 31, Вардар 31, Беласица 17.