Денес на распоредот е 5. коло во македонската прва фудбалска лига. Шкупи ќе му биде домаќин на повратникот Скопје. Шкендија гостува на Пелистер во Битола против тимот кој нема ниту еден освоен бод од првите четири натпревари. За составот на Бруно Акраповиќ се друго освен триумф ќе биде неуспех.

Двата тима имаат одиграно пет средби во Првата лига и во Купот, а верувале или не, Шкупи има само една победа во тие пресметки.

Пелистер очајно ја започна сезоната и во овој момент се први фаворити за враќање во понизок ранг. Во првите четири кола битолскиот тим запиша четири порази, а освен тоа и не постигна гол.

„Сите гостински натпревари се тешки, но Шкендија секогаш игра на победа и три бода. Во никој случај не треба да го потценуваме противникот иако Пелистер се уште нема освоено бод. Напротив сега веројатно ќе бидат многу мотивирани да ги освојат првите бодови. Но, ние сме добро подготвени, против Македонија ЃП имавме добар натпревар постигнувајќи четири гола, а одигравме добро и против Брегалница. Ако ја повториме играта што ја одигравме на последните два натпревари, убеден сум дека успехот нема да изостане и со победа ќе се вратиме во Тетово“ – вели капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.

Сосема идентични се очекувањата и во таборот на Шкупи за пресметката со Скопје.

„Не очекува многу важен и тежок натпревар, но ние ја знаеме нашата цел а тоа е победа. Добро се подготвивме за овој меч, ќе дадеме се од себе да ги израдуваме нашите навивачи“ – вели Алжирецот од редовите на Шкупи, Валид Хамиди.