Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига Шкендија ги засили своите редови за пролетниот дел на сезоната со албанскиот напаѓач Рубин Хебај.
Шкендија соопшти попладнево дека е потпишан двеиполгодишен договор со Хебај, кој во екипата од Тетово доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Теута.
Поранешниот младински репрезентативец на Албанија претходно во кариерата настапуваше и за словенечката екипа Домжале и украинскиот прволигаш Ворскла.
– Ветувам дека ќе го дадам својот максимум да и помогнам на Шкендија во освојување на шампионската титула, порача Хебај за клупскиот сајт. (МИА)