Македонските екипи кои се наоѓаат на подготовки во Анталија, Турција, започнаа со одигрување на контролни натпревари.
Есенскиот шампион, Шкендија одигра 1:1 против украинскиот тим Зорја .
Тетовските „црвено-црни“ поведоа уште во 12. минута од натпреварот со голот на Дориев, но украинскиот тим израмни во 28. минута преку Хомченовски . До крајот на натпреварот мрежите мируваа
Екипата на Македонија ЃП по поразот од Олександрија (1:4), денеска загуби од екипата на Ингулец со 0:2.