Денеска тетовските „црвено-црни“ го објавија распоредот на пријателски натпревари во турската Анталија пред продолжението од сезоната 2020/2021.
Шкендија најави дека покрај тренинзите, ќе се подготвува и ќе ја темпира формата преку контролните мечеви, во овој случај со силни ривали од Украина и Казахстан.
Првата подготвителна фаза играчите на тренерот Ернест Ѓока ја имаа во Тетово, а на почетокот од следната недела ќе ја променат локацијата.
Во Анталија ќе се подготвуваат од 24 јануари до 8 февруари, на 25 јануари ќе игра пријателска средба со Зорја Луханск, пет дена подоцна има уште еден украински тест со Десна Чернихов.
На 3 февруари ќе го имаат мечот со Кајсар од Казахстан, а на 7 февруари за ривал ќе го имаат можеби најзвучното име кое често го слушаме особено во групите на ЛШ или Лига Европа, Динамо Киев. Овој последниот вкупно 15 пати бил шампион на Украина, вистински тест да се проверат силите и квалитетите на Шкендија.