Еден од најпопуларните политичари во САД, Тед Круз, имаше средба во канцелариите на Сенатот со косовскиот бизнисмен Шкелќим Деволи.

Менаџерот на една од најголемите корпорации во Косово, Деволи корпорејшн, разговарал со Сенаторот од Тексас за односот помеѓу косовскиот народ и американскиот народ.

Тема на разговор беше и опсегот на производите на косовската корпорација во САД, со посебен акцент на веќе популарните производи на американскиот пазар – душеците Comodita.
Сенаторот Круз, кој беше во трката за освојување на кандидатурата на републиканците за претседател на САД, му посака на Деволи успех во бизнисот подалеку од Атлантикот.

Шкелќим Деволи го прошири логистичкиот и дистрибутивен центар на „Деволи корпорејшн“и на американската територија, во Тексас.

За време на престојот во САД, тој имаше средба и со гувернерот на Тексас, Грег Абот, чии разговори беа насочени кон економска соработка помеѓу Сад и Косово.
Минатата година „Деволи корпорејшн“ оствари вкупен промет од околу 400 милиони евра, од кои околу 200 милиони извоз кон САД.

Со повеќе од 4.500 работници, во неколку деловни и производствени области, оваа корпорација е прогласена за најголем работодавач и даночен обврзник во Косово.