„Во текот на вчерашниот ден постирав фотографија од еден од моите омилени филмови “Тко то тамо пева”. Не споменав ниту име, ниту институција, ниту настан.Одеднаш на постот, во коментарите, некои ликови започнаа да ја бранат актуелната градоначалничка на Скопје, г-ѓа Арсовска.
И сега имам дилема. Како баш драги мои (данело)бранители ја препознавте градоначалничката во фотографијата ? Што ве испровоцира толку, за неа да ја браните? Ничим изазвани, што би рекле во филмот, пишува денеска Шилегов.
Еве ја фотографијата .
Неколку дена претходно стана јасно дека Градот Скопје нема средства да исполни едно од ветувањата на градоначалничката Данела Арсовска. Станува збор токму за набавката на 250 нови еколошки автобуси, кои беа предвидени во програмата на Арсовска, во текот на нејзиниот четиригодишен мандат.
Од Градот велат дека автобусите засега не можат да се набават поради тоа што парите што се во градската каса, ќе ги употребат за плаќање на милионските долгови што ги направило претходното градско раководство.
– Набавката на 250 еколошки автобуси е дел од четиригодишната програма на Град Скопје. Од буџетот во 2022 година, голем дел од финансиските средства се наменети за плаќање на милионските долгови наследени од претходното раководство на Градот, како и на повеќегодишни договори кои ги склучило претходното раководство надвор од својот мандат. Овие долгови мора да се исплаќаат со средствата што ги има Град Скопје на располагање од буџетот од оваа и следните години – објаснија градските власти.
Шилегов сепак не кажува ниту збор за тие долгови.