„Не можеме во три години да ги поправиме работите кои биле уништени во претходните 12“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во своето гостување во Студио 10.
Шилегов додаде дека граѓаните се радуваат на сегашното зеленило и според него било очигледно дека се работи на тој проблем.
„Од високо 50-то место според загаденост, ние сме на 360 место и сега сме во средно загадени градови. Сите проблеми ќе се решаваат со тек на време, треба само трпение“, истакна Шилегов.
Петре Шилегов говореше за проектите кои тој ги остварил како градоначалник. Тој додава уште дека зеленилото е подигнато на повисоко ниво и значително е намалена загаденоста во главниот град на Македонија.