Во рамките на теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“, средби со граѓаните на општина Врапчиште денеска остварија Петре Шилегов и Владимир Анчев, а во Гостивар Костадин Ацевски и Рената Младеновска.
-Членството во ЕУ е заедничка определба, заедничка желба на сите наши граѓани. ЕУ не обединува сите нас. Сега е време да направиме исчекор и да го продолжиме европскиот пат., рече Шилегов во Врапчиште, додавајќи дека се работи за иднината на државата и за граѓаните, за реалзиација на стратешката цел за членство во ЕУ, а тоа бара одговорни и конзистентни политичари.
Шансата пред нас е историска и треба да се зграпчи, нагласи Шилегов.
Рамо до рамо го граѓаните на Гостивар беа Костадин Ацевски и Рената Младеновска, кои нагласија дека  со усвојување на измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес е отворен патот за побрза и поевтина изградба на коридорите 8 и 10Д.
-Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години. Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, поврзана и кон исток и запад, нагласи Ацевски.