Очајнички и крајно деструктивен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ еден историски чин каков што е почетокот на модернизирањето на јавниот превоз во Скопје, да го нарекува фрлање на пари. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое буквално ги фрлаше парите на граѓаните, СДСМ не фрла туку инвестира во капитални инвестиции од полза на граѓаните, велат од владекачката партија.
Од таму додаваат дека нивниот градоначалник Петре Шилегов инвестира во модерен јавен превоз што ВМРО-ДПМНЕ цели 30 години го ветуваше, а никако да го реализира.
Меѓудругото во соопштението се вели:
Додека СДСМ создава историја инвестирајќи за прв пат во последните 40 години 70 милиони евра за воведување на модерен и брз автобуски превоз преку воведување на БРТ системот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ пред само 3 години фрли над 700 милони евра во стиропор, камен и бронза на криминалниот проект Скопје 2014.
Со СДСМ и градоначалникот Шилегов Скопје стана прв град на Балканот кој воведува БРТ систем на јавен транспорт кој намалува сообраќаен метеж, го намалува аерозагадувањето, а го подобрува квалитетот на живот на Скопјани.
Со ВМРО-ДПМНЕ Скопје беше уништен град од дивоградби од споменици на секој чекор, квази-барокни фасади од стиропор, кинески дизел автобуси, закрчен сообраќај и неподносливо големо аерозагадување.
Додека СДСМ воведува модерни европски еко автобуси на гас, ВМРО-ДПМНЕ фрлаше пари на неквалитетни кинески дизел автобуси за кои денес нема резервни делови.
Додека СДСМ воведува супер брз, безбеден и економичен БРТ систем на автобуски превоз, ВМРО-ДПМНЕ фрлаше пари на ултраскапи и неквалитетни фонтани, евтинини кич фасади, и дивоградби од споменици на контроверзни личности од минатото.
Да не ги фрлаше ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните на разни непотрбштини, досега ќе го користевме и ќе го исплатевме БРТ системот за кој сега раговараме.