Ниту коалиционите партнери не успеаа да го разубедат премиерот Зоран Заев во намерата да поднесе оставка. Тој до крајот на неделава ќе ја достави до Собранието. Градоначалникот во заминување Петре Шилегов,  нефицијално вината за поразот ја посочувал кон Заев, пренесува ТВ21.
Оваа телевизија воедно објави дека од скопското крило на СДСМ брифираат дека, Радмила Шеќеринска има амбиции и капацитет за премиер и преземање на партијата. Со тоа, како што велат тие вистински би се обединила СДСМ, но од друга страна Заев како што дознаваме „игра“ со името на Сања Лукаревска. Но апетите за преземање на СДСМ имал и Бранко Црвенковски.

„Се чувствива веќе тенденцијата по заминувањето на Заев дека има пројавено амбции неколку групации кои беа досега незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката од Преспанскиот договор па до денеска. Мислам дека ја препознавате една групација што ја предводи поранешниот претседател на СДСМ, поранешен претседател и премиер на државата Бранко Црвенковски не го криеше тоа“, истакна Владо Бучковски во емисијата Клик Плус на ТВ21.