Кандидатот за нов градоначалнички мандат во градот Скопје и актуелен градоначалник Петре Шилегов изјави дека за време на неговиот мандат загаденоста на воздухот била намалена за повеќе од една третина.
„Ако се сеќавате 2017 г. главната тема на разговор на изборите беше загадениот воздух, сега веќе не е, зошто, затоа што успеавме за една третина, а можеби и повеќе да ја намалиме загаденоста на воздухот“, изјави Петре Шилегов во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења.
Шилегов додава уште дека војната со загаденоста на воздухот ќе биде добиена, кога ќе се заокружи системот за стоплување на граѓаните.