Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил напиша дека со реконструкцијата на Кејот „13 Ноември“ се ослободило повеќе место за пешаците и велосипедистите.
„Новото шеталиште повторно е место каде граѓаните ќе можат да уживаат под сенките на убавите дрвореди, без возила или други пречки при движењето“, посочи Шилегов.