Кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник Петре Шилегов е убеден дека во вториот круг на 31 октомври ќе ја понесе победата и дека ќе ја добие довербата од граѓаните за втор мандат.
– Сакам да се заблагодарам на поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено. Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот изборен круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка за политиките што Скопје за четири години целосно го променија. Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните, решававме и решивме децениски напластени проблеми во градот. Работевме за сите граѓани подеднакво и Скопје стана конечно единствен град, рече тој.