Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, нарекувајќи ги тезгароши.
„Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долеи. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, се вели во објавата на Петре Шилегов на Фејсбук.
Шилегов како кадар на СДСМ стана градоначалник на Град Скопје од 15 октомври 2017, а функцијата ја извршуваше до 31 октомври 2021 година, кога беше поразен од Данела Арсовска.
Текстот Шилегов: СДСМ е заробена партија со двајца октроирани „лидери”, тоа се тезгароши е превземен од МАКФАКС.