Див паркинг во прашина беше ова место, а сега е „Ибни Пајко“ парк на 11 илјади метри квадратни, покривот на ГТЦ беше топлотен остров сега е полн со луѓе и зеленило, ги ослободивме тротоарите од возила, место кое за неполни два месеци стана најомиленото шеталипте стана кејот на Вардар, го чистиме коритото на Вардар, ги отстануваме галиите, прочистувачи за воздух во училиштата, рече рече на централниот митинг во Скопје сегашниот и кандидат за иден градоначалник Петре Шилегов.
-Град кој се разбуди од сивилото, се гради Универзалната сала, спасивме вредни работни места за нашите скопјани, токму во време на короната, се смееја за Дино паркот, а сега е едно од најпосетените места. Ова е градот на Лајка, единствено место за хуман третман на улични животи, стана град на спортот со трим патеки, адреналински парк, ова се реализирани работи, веќе ставени на услуга на граѓаните, ова не се измеслените афери на ВМРО-ДПМНЕ ова е ралноста, ова е приказната која мора да продолжи, рече тој.
Тој потсети дека од друга страна како контракандидат ја има Даниела Арсовска која тврди дека е независна и добар менаџер, за жал според него не само што не сте независна веќе должи на најкорумпираната партија на Европа бидејќи на нејзина реклам е платена токму од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дали знаете дека 680 илјади евра платени за барок, граѓаните го враѓаат долгот на ВМРО-ДПМНЕ. Само лош менаџер ветува проекти кои носат банкрот на градот, како што е јавниот превоз, само лош менаџер нуди брзи решенија, добриот менаџер темелно планира и реализира. Не ги потценувајте скопјани, тие не паѓаат на такви проекти. Ова не се избори кога се бира меѓу политика на континуитет или враѓање назад кон лажните митови, рече тој.