Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека тој е спремен да се донесе закон за рушење на проектот „Скопје 2014“.
-Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отстраниме споменикот Мајка Тереза. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на Скопје 2014. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми јас ќе го срушам. Не затоа што мене не ми се свиѓа, туку не е автентично Скопје, рече Шилегов.