Аматерската екипа на шестолигашот Чорли го приреди најголемото изненадување во третото коло во ФА куп на Англија, совладувајќи го вечерва второлигашот Дерби Каунти, предводен од поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни, со 2-0.
Триумфот му донесе на Чорли пласман во четвртата рунда во англискиот ФА куп за првпат во 120- годишната историја на клубот од Ланкашир.
Дерби Каунти допатува на гостувањето во Чорли со комбиниран состав поради голем број заразени фудбалери со коронавирус.