Загинале сите шест членови на екипажот на авионот што се урна за време на технички лет во рускиот далечен источен регион Хабаровск.

Advertisements

Посмртните останки биле пронајдени на местото на несреќата.

„Нема преживеани”, изјави денеска претставник на службите за итни случаи за државната новинска агенција ТАСС.

Авионот Антонов Ан-26 исчезна вчера.

Претходно, на 23 септември, официјалните лица изјавија дека местото каде паднал авионот е откриена од страна на екипаж на хеликоптер, но дека силниот ветер и непристапниот, суров терен го оневозможиле слетувањето на авионите, па властите биле принудени да испратат спасувачка екипа преку копно на местото на несреќата.

Прикажи повеќе