Шестиот пакет-мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени. Опфатени се 12 категории на дејности, меѓу кои угсотителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки во изминатите 14 дена, потоа ноќните клубови, рестораните за свадби, евент-индустријата, фитнес-центрите, фотостудијата и приватните детски одморалишта.