Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од 1 до 6 април, обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола за тоа. На тој начин тие постапиле спротивно на прописите со кои беше определена забрана за движење на населението од 22 до 05 часот, како мерка за спречување на заразна болест.
Јавниот обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.