Шерон Стоун ја напиша книга со мемоари „ The Beauty Of Living Twice“, во која тврди дека нејзината сестра Кели и таа биле сексуално злоставувани од нивниот дедо кога биле девојчиња, пишува Њујорк Тајмс.

Актерката за Њујорк Тајмс изјави дека нејзината мајка Дороти не дозволувала таа и нејзината сестра да зборуваат јавно за злоставувањето.

„Кели и јас разговаравме со мајка ми за тоа, а по разговорот ми напиша писмо во кое ми кажа дека е многу збунета. Беше згрозена од откритието. Сепак, по разговорот со сестра ми, таа почна да прифаќа дека тоа навистина се случило“, вели Шерон.

Фото: Инстаграм

„Мајка ми се согласи отворено да разговара со мене за се кога и ги прочитав деловите од моите мемоари. Таа беше кај мене неколку дена кога се опоравував од грип, лежеше покрај мене во креветот, додека јас ја завршував книгата. После отворен разговор кој траеше час и половина, јас поправив некои делови од книгата што потоа и ги посветив на неа“, вели актерката.

Стоун вели дека решила да ги напише мемоарите по мозочниот удар кој го доживеа.

„Пишувањето беше ослободувачко искуство“, рече таа.