-Сите нив, меѓу кои и Преспанскиот договор, САД ги доживуваат, ги толкуваат и ги сметаат за гаранција за безбедноста и стабилноста на овој регион, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска коментирајќи ја одлуката на претседателот на САД Џо Бајден да потпише извршна наредба да се ставаат на црна листа сите кои работат против Преспанскиот, но и Охридскиот договор.
-Втората порака е дека не е доволно само да ги решавате политичките проблеми, туку дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата. Мислам дека и двете пораки кои ги испраќаат САД се добредојени за сите нас кои што посакуваме да живееме во подобар регион, кој што не е само дел од евро-атлантското семејство и НАТО, туку е дел од една евро-атлантска култура на владеење на право, на демократски вредности, слободни медиуми, кои носат просперитет, изјави Шекеринска.
Проблеми со Декретот, нагласи таа, може да имаат само оние што ловеа во матно и се трудеа или се трудат да ја дестабилизираат државата.
– Јасна е пораката дека ангажманот ќе продолжи и дека тој ангажман нема да биде само зад затворени врати, туку ќе биде експлицитен и јавен, нагласи Шекеринска.