„Измените на Законот за служба во Армијата во прво читање едногласно поминаа на собраниската Комисија за одбрана и на Законодавно правната комисија“, соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Таа додава уште дека се надева Собранието што побрзо да даде зелено војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25.000 евра за да се стави како што вели таа „крај на политичката злоупотреба на Армијата“.