Оваа генерација македонски граѓани знаеше дека единствениот вистински начин да се одолжиш на своите претци за нивните историски и исправни одлуки е да ја покажеш истата храброст и мудрост тогаш кога ќе ги биеш новите битки, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.
– Членството во НАТО беше наша битка и ние оваа битка ја добивме со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме. Членството на Република Северна Македонија во најмоќниот воено политички сојуз е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, достигнување кое значи препознатливост во светот, стабилност и безбедност. Безбедност која нуди шанса за просперитет,која значи посакуваност на инвестициската авторитет и меѓуанроден углед, истакна Шекеринска.
Таа нагалси дека до пред членството во НАТО бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на Алијансата, што, како што нагласи, е навистина голем успех.
– Членството во НАТО беше наша битка и ја добивме. Но, некои понесоа поголем товар од останатите и затоа сме токму тука во касарната „Илинден“ да ја одбележиме првата годишнина од НАТО членство, додаде Шекринска.