Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека проблемот со набавката на вакцините не е само проблем со кој се соочува само нашата држава. Како што вели таа со таков проблем се соочуваат и земјите членки на НАТО, но и на ЕУ. Таа вели дека целта е што поскоро да се обезбедат вакцини против Ковид 19.
Би рекла со исклучок на САД и Обединетото кралство сите други држави во НАТО се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини и побрзо. И во таа смисла сме дел од светскиот проблем. Особено тешко е за мали држави коишто во моментот кога ќе седнете со производителите се многу мал фактор заради тоа што бројките кои нам ни се потребни се можеби за некоја од големиве држави статистичка грешка, едно маало да го вакцинират, меѓутоа затоа на масата е потешко да седнете дури и ЕУ во преговорите со производителите се соочи со сличен проблем и дури сега гледате дека се прават паралели што е она што функционирало кај поединечните земји, а што не профункционирало во европскиот механизам, рече Шекеринска на новинарско прашање колку е дозволиво една држава членка на НАТО се уште да нема вакцини и по примопредавањето на американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за потребите на Армијата на Република Македонија во касарната во Ѓорче Петров..