Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во интервју за телевизијата Канал 5 рече дека предлогот кој деновиве претставниците на ЕУ го претставуваат во Бугарија и во РС Македонија за решавање на спорот е покажува дека ЕУ е заинтересирана и се ангажира за РС Македонија.
Според неа е добра вест тоа што ЕУ покажала засилен ангажман. Шекеринска истакнува дека и покрај ниските очекувања, дека Португалците не се фокусирани на Балканот, испаднало дека биле заинтересирани.
„Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот.Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете. Но, битното е дека ЕУ покажа дека местото на идентитетските прашања не им е во рамката за преговори, вели Шекеринска.