Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска на својот „Фејсбук“ сподели информација дека Романија ќе испрати во Македонија авион со голем капацитет за гасење, како помош во справување на пожарите.
„Нова поддршка од НАТО сојузниците во справувањето со пожарите – Романија испраќа авион со голем капацитет за гасење. Благодарност до романскиот министер Николае Јонел Чука што реагираше веднаш на моето барање ова утро.“, напиша Шекеринска.